Кога е во прашање заведувањето на девојки, не постојат магични формули. Но, Хуан, човекот кој стои зад “YouTube” каналот “ThatWasEpic”, се чини дека ја пронајде формула. Благодарение на четири зборови, успеа да добие броеви од телефони од неколку девојки. Исто така, доби и девојка, со која моментално е во врска.
“Здраво, ми се допаѓаш” се зборовите со кои им пристапи на неколку девојки, кај кои измами насмевка на лицето. Доколку некогаш размислувате како да му пристапите на спротивниот пол, можеби неговиот пример би ви помогнал.
Некои девојки се навредија, но Хуан кажа дека најголем дел од реакциите беа позитивни.