Категории

Не можете ни да знаете што им правите: Ситници со кои несвесно “ги палите“ мажите!

Постојат голем број на работи поради кои на момците им се и тоа како секси, а жените несвесно ги прават. Еве некои од нив…

Лежерно растегнување

Без разлика дали се будите, опуштате или едноставно протегнувате, ќе го привлечете вниманието на вашиот најмил. Зошто? Затоа што едноставно нешто многу ги пали во глетката на жена која лежерно се протегнува и ги опушта своите мускули.

Испотено тело

Вам можеби потта ви е одбивна но на вашето момче не му е. Нив и тоа како ги привлекува испотено женско тело, а тоа мора да има некаква врска со хормоните.

Бесна девојка

Иако не постои никакво научно објаснување (или барем не засега), мажите ги пали нервозна жена. Можеби изливот на бес и лутина го поврзуваат со страственост…

Неуредна коса

Не зборуваме за мрсна, валкана и запуштена коса, но коса која е немарно заврзана или диво распуштена, дефинитивно ќе го пробуди неговото внимание.

Преголема кошула

Може да биде од што сакате, нив материјалот не им е важен. Но мажите напросто полудуваат кога ќе видат жена облечена во неколку броеви поголема кошула.

Прегледи:
373
Објавено на:
31.08.2016