Категории

ФОТО: Во „Заборави ако можеш“ Харун е млад и заводлив, а во приватноста остарен и побелен!

Редовните гледачи на популарната турска серија „Заборави ако можеш“ го запознаа Харун како млад богаташ по кој жените лудуваат. Двете сестри Мелда и Еда се силно вљубени во црномурестиот заводник, но неговото срце и припаѓа само на Еда.

 

Надвор од приказната во серијата, која очигледно е снимена од поодамна, Харун или Серхан Ајвас изгледа сосема поинаку.

Подостарен, со подолга седа коса и брада, но со истиот шарм и харизма.

Сехан е постојано активен на социјалните мрежи, а моментално летото го минува на турските плажи.

Во продолжение погледнете дел од неговите приватни фотографии:

Прегледи:
781
Објавено на:
31.08.2016