Иако смоквата често се нарекува царица на медитеранските овошки, таа технички припаѓа во цвеќиња, а начинот на нејзиното создавање е истовремено фасцинантен и застрашувачки.
Научниците објаснуваат како смоквите се превртени цветови, а дрвото од смоква не цвета како дрво од јаболко или праска.
Нејзините цветоци, цветаат внатре во крушковидната капсула, која подоцна созрева во овошје кое го јадеме.
Но, тоа не е единствено нешто по што смоквите се уникатни.
Бидејќи цвета навнатре, им треба посебен процес на опрашување, бидејќи не можат да се размножуваат со помош на пчели и ветер. Тука настапуваат осите.
Смоквата не може да преживее без тие оси, кои го шират нејзиниот генетски материјал, а осите пак, не можат да живеат без смоквите. Бидејќи таму ги оставаат своите ларви.
Женката оса, влегува во машка смоква. Крилјата на женската оса и нејзините пипки, се кршат додека влегуваат во малиот процеп во смоквата, па кога еднаш ќе влезат, не можат да излезат.
Машките бебиња оси, се раѓаат без крилја, бидејќи нивната единствена функција е да оплодат женка и да прокопаат тунел од смоквата.
Откако ќе умре во смоквата, осата се разградува и колку и тоа да звучи одвратно, неопходно е во процесот на создавање на смоквите.