Категории

НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО РЕШИ ОВОЈ МАТЕМАТИЧКИ ПРОБЛЕМ ЗА СЕДУМГОДИШНИ ДЕЦА

Луиз Блоксхам, мајка на седумгодишно дете од Велика Британија, ја сподели фотографијата со математичкиот проблем на својот Твитер профил. Задачата е од учебник по Математика за второ одделение.

Проблемот гласи: Има неколку луѓе во еден воз. 19 луѓе излегуваат на првата станица. 17 се качуваат. Сега има 63 луѓе во возот. Колку луѓе имало во возот на почетокот?

Стотици возрасни дале различни одговори на сликата споделена на Твитер. Едни сметаат дека одговорот е два, други 46, а некои мислат дека немало луѓе во возот на почетокот. Исто така, ова е трик прашање. Дали го броиме и кондуктерот? Дали децата на кои им е поставена оваа задача треба да го бројат и кондуктерот?

Иако нема конечен одговор од Блоксхам, друг родител напишал: „Објавениот одговор за проблемот во учебникот е 65, па продолжете да се расправате дека е претежок.“

Што мислите вие, кое е решението на проблемот?

Прегледи:
351
Објавено на:
02.09.2016