Категории

Нејзиниот син за прв пат не ручал сам, а таа се расплакала кога сфатила кој му правел друштво

Корисниците на социјалните мрежи во сè поголем број ја споделуваат емотивната фотографија од играчот на американски фудбал, кој единствен одлучил да му прави друштво на аутистично дете во неговото училиште.

Лија Паске од Флорида ја објавила оваа фотографија од нејзиниот син Бо на Фејсбук, наведувајќи дека ѝ ја испратиле од училиштето во кое оди. Таа додала и дека гестот на фудбалерот ѝ ги насолзил очите.

Тревис Рудолф, еден од најпознатите американски фудбалери од Флорида, бил во посета на училиштето од Бо кога го забележал дека јаде сам, па одлучил да му се придружи.

 

„Се сеќавам дека средното училиште за мене беше пекол, дека децата често ме задеваа и дека често плачев поради тоа. Сега кога моето дете тргна во училиште, се плашам дека и нему ќе му се случи истата судбина, особено затоа што има аутизам.

Често сум и благодарна поради тоа, бидејќи сметам дека тоа би можело да го заштити од другите деца. Тој не забележува кога го гледаат со потсмев поради неговите напади, а и не му пречи што јаде сам. Еден мој пријател денес ми испрати фотографија од Тревис Рудолф кој ручал со него и веднаш ми потекоа солзи.

Не сум сигурна што го натерало да го направи тоа, но среќна сум што го сторил тоа и никогаш нема да го заборавам. Тој ден не морав да се грижам за мојот син дали ќе јаде сам, бидејќи тој ручаше со човекот кој е херој во очите на многумина. Ти благодарам Тревис, ја направи оваа мајка пресреќна и доби обожаватели до крајот на животот“, напишала трогнатата мајка, меѓу другото.

Прегледи:
491
Објавено на:
02.09.2016