Категории

Вашиот глас не е каков што вие го слушате

Веројатно многу пати сте го слушнале вашиот глас на некоја снимка и сте се зачудиле, мислејќи дека на другите им звучите различно.

Меѓутоа, другите луѓе ве слушаат исто така како што вие се слушате на снимката, овој трик се случува поради начинот на кој звуците патуваат до нашето внатрешно уво.

Секој звук кој го слушаме претставува бран притисок кој струи низ воздухот. Нашето надворешно уво ги лови тие бранови и ги вовлекува низ ушните канали, а овој лов потоа удира во ушното тапанче и предизвикува вибрации.

Патувањето на вибрации потоа продолжува до внатрешното уво каде звукот се преведува во сигнал, а потоа се испраќа до мозокот на толкување преку слушниот нерв.

Меѓутоа, брановите до внатрешното уво не мора да доаѓаат само од внатрешна страна. До него, исто така, пристигаат и вибрации кои се случуваат во човековото тело, па така додека зборуваме слушаме комбинација од бранови кои допираат од надвор, но и од внатре. Тоа значи дека кога зборуваме нашите гласни жици треперат во грлото и устата, а некои се пренесуваат и низ коските на вратот и главата.

Внатрешното уво реагира на нив како на било кои други вибрации и ги испраќа во мозокот претворајќи ги во електрични сигнали.

Ова комбинација на вибрации која доаѓа до внатрешното уво од внатре, односно низ коските и гласните жици, и од надворешноста кога излегуваат од уста и влегуваат во ушниот канал влијаат на тоа дека звукот поинаку се слуша отколку кога вибрациите допираат само од една страна и тоа е причината зошто често не можеме да го препознаеме својот глас кога го слушаме преку некој уред.

Прегледи:
476
Објавено на:
05.09.2016