Категории

Везени мачки и кучиња сместени во џеб

Јапонската уметничка Хироко Кубота направи кошули од чии џебови излегуваат шарени везени мачки, кучиња и ликови од цртаните филмови. Кубота кошулите започнала да ги прави поради синот, затоа што бил премногу слаб. Облеката која му била купена од продавниците не му била точна. Бидејќи нејзиниот син е голем љубител на мачки, таа на кошулите започнала да везе мали мачиња, кои изгледале како да се сместени во џебовите.

Откако една фотографија од нејзината креација стана вирална, Кубота отворила интернет продавница на веб страната “Etsy”, каде прави облека по нарачка. Облеките ги продава по цена до 300 американски долари.

Иако Кубота повеќе не прави облека по нарачка, неодамна издаде книга, во која се појавуваат фотографии од нејзините креации. Погледнете некои од фотографиите.

q2

q3

q4

q5

q6

Прегледи:
491
Објавено на:
06.09.2016