Во животот ќе наидеме на многу настани за коишто ќе биде од исклучителна потреба да ја зачуваме нашата трпеливост и самодоверба: интервју за работа, јавни говори, важни состаноци и други. За среќа, има методи со коишто на брз и лесен начин ќе ги надминете вашите стравови и ќе се задржите на нозе. Овие три потези се научно докажани за неверојатно ефикасни од страна на психолози од Харвард.
1. Завземете ја позата на херој и задржете ја околу две минути
Во нејзиниот доста познат говор за ТЕД што има дури 30 милиони прегледи, Ејми Куди, социјален психолог од Харвард, зборува за говор на тело и колку тоа влијае на самодовербата. Нејзиниот одговор е да се завземе позата на суперхерој пред било која тешка задача. Направете го тоа наутро веднаш откако ќе се разбудите, во лифт, или пред огледалото во тоалет.
Позата на супер херој изгледа нешто вака – исправете се, повлечете ги вашите раменици наназад, кренете ја вашата глава и наместете ги стапалата паралелно едни со други. Ја чувствувате веќе моќта? Задржете ја позата две минути, длабоко дишејќи и ритмички.
Освен тоа, можете да ја пробате позата на морска ѕвезда, кренете ги рацете во В- форма. Замислете дека сте Олимписки шампион на педестал! Експериментите докажуваат дека луѓето што го практикуваат овој метод достигнуваат поврвни резултати од останатите. Нашиот говор на телото не само што влијае на тоа како не гледаат другите, туку и како се гледаме самите ние.
2. Замислете се во иднина
Светлата и детална визија за тоа како ќе изгледа вашиот живот во иднина ќе ви помогне да го пребродите стравот од неуспех. Хал Хершфилд, професор по маркетинг и технологија при Универзитетот во Њу Јорк, покани група студенти и им кажа да се запрашаат што ќе се случи со нив за 10 години.
Оние што се ,,видоа,, за 10 години беа поупорни во остварување на нивните цели од оние што не го направија тоа. Заклучокот на експериментот е дека кога гледаме слики од нашата замислена иднина и се препуштаме на фантазијата, се стремиме да ги оствариме замислените цели што е можно поскоро.
3. Кажи му ,,благодарам,, на животот
Ова е уште еден начин којшто се покажал за доста ефикасен. Почетен бизнис тренер и самохрана мајка, Џен Скалија, поминувала низ доста тежок период во нејзиниот живот – била отпуштена од работа, разведена и се соочувала со долгови. За да ги реши нејзините проблеми, таа се решила да инвестира во себе и да почне да следи неколку он-лајн курсеви поврзани со личен развој. Сето ова и помогнало не само да ги покрие долговите, туку и да формира свој бизнис проект и да премине од нула на пола милион долари. Како се случило тоа?
Мојот ден редовно започнуваше со една вежба – се заблагодарував. Секоја вечер, се присетував на сите прекрасни работи што ми се случиле и што сум ги видела во животов. Следната фаза од личниот тренинг беше да се заблагодарам за работите што допрва требаше да ги постигнам. На пример, наместо стандардното ,Сакам два нови клиенти овој месец, си велев себеси ,Многу сум благодарна што имам два исклучителни клиенти сега.,
Како функционира? Многу едноставно – нашата свест може да биде лесно замамена. Овие искази навистина ни помагаат да веруваме дека ќе го достигнеме замислениот успех. Најважно од се, кога сме благодарни за нешто, размислуваме позитивно и ја чувствуваме енергијата во самите нас.