Категории

6 Слики кои го опишуваат животот на интровертите

Лиз Фослиен, талентирана илустраторка, смета дека интровертните луѓе многу често ги сметаат за ништо друго освен чудни и тивки типови кои едвај се смеат и цело време изгледаат како да живеат во свој свет. Но всушност, има доста добри причини зошто се однесуваат така.

Зборувајќи од искуство, Лиз се одлучила на визуелен начин да ги објасни сите чудни, но неверојатно неочекувани мисли што и поминуваат низ главата. Иако комуникацијата не е нивна најдобра страна, тие сепак имаат што да кажат, но се одлучуваат тоа да го зачуваат за себе.

#1

 

Интровертите сакаат да си дадат доволно време за да ги раздлабочат работите. Бидете трпеливи и нема да се разочарате. Нивните совети и утешителни зборови се бескрајно корисни!

#2

Интровертите по природа се навикнуваат многу брзо на опкружувањата, но толку брзо и губат интерес за истите. Поради тоа, не се чудете доколку ги забележите како ненадејно зеваат на некоја жива и весела забава. Најверојатно е премногу живо и весело за интровертите.

#3

Интровертите уживаат да си го поминат своето слободно време со некоја добра книга. Па затоа, немојте да помислете дека им е досадно бидејќи за нив тоа претставува исклучително задоволство.

#4

Поради нивната способност да останат присебни во многу ситуации, понекогаш ќе треба навистина да се намачите за да им спремите вистинско изненадување. Невозможно е да помислите за што размислуваат во тој момент!

#5

Интровертот има способност во исто време да чита книга и да разговара со некого, обрнувајќи подеднакво внимание на двете активности. Зарем не е ова вистинска супермоќ?!

#6

Интровертите можат да стојат покрај вас, а паралелно со вас да водат ментална дискусија – но не со вас. Не го сфаќајте тоа лично – веројатноста е да размислуваат за нешта коишто не би сакале да ги споделуваат со никого. Најдобро е да не ги попречувате во тоа!

Прегледи:
353
Објавено на:
12.09.2016