Ксин е припадничка на војската задолжена за обезбедувањето на овогодинешниот самит Г20, а откако некои фотографии од самитот се појавија во јавност, таа стана хит на социјалните мрежи. Кинескињата Шу Ксин работи во Народната ослободителна војска, а родена е во градот Гуиџанг.
Нејзе ја прогласија за најзгодната телохранителка на светот, а многу брзо ја сместија и во топ 10 најубави жени во војската.
#ShuXin abelled prettiest #bodygurard #socialmedia She allegedly guarding car used #Italian PM #Matteo #Renzi #G20 pic.twitter.com/SR71IizKyE
— sudhakar (@naidusudhakar) September 7, 2016
Се вели дека е родена во 1990 година, но Кинезите не сакале да дадат било какви други информации за неа бидејќи ги сметаат за доверливи.
Сепак, во нивните медиуми се појавиле информации дека оваа убавица во слободно време сака да пее и дека го освоила второто место на едно локално натпреварување во пеење.