Купувачите бегаат панично од Офис Плус во Сити Мол откако удри најсилниот бран од земјотресот во неделата во 15:10 часот a ги погоди Скопје и околината.
Тоа може да се види и од снимката на безбедносните камери на Офис Плус во Сити Мол.
Луѓето кои ги разгледуваат производите на полиците во еден момент се вкочануваат и гледаат околу себе, полиците почнуваат да се нишаат а артиклите да паѓаат на земја. Штом сфаќаат што се случува веднаш панично ја напуштаат продавницата.