Категории

Љубовен филмски маратон: Најдобрите романтични комедии и драми од 2016 година

Започнувајќи од урнебесни комедии за забавување во светот на состаноците, па сè до трогателни приказни за вистинската љубов, 2016-та година е исполнета со неверојатно романтични филмови. Токму затоа и решивме да ги издвоиме најпопуларните 5 доколку сакате овој викенд да го поминете во прегратките на саканите.

Како да бидете сингл (How to Be Single) – 12 февруари 2016

Оваа романтична комедија ја следи приказната за 4 жени кои учат како да опстанат во Њујорк како сингл девојки. Ребел Вилсон, Дакота Џонсон, Алисон Бри и Лесли Ман без сомнение ќе повикаат насмевка на вашето лице.

Веќе е утре во Хонг Конг (Already Tomorrow in Hong Kong) – 12 февруари 2016

Џејми Чунг и Брајан Гринберг, кои се пар и во реалниот живот, ги имаат главните улоги во овој филм каде што се следи приказната за момче и девојка кои ќе се заљубат во погрешно време.

Денот на мајките (Mothers’s Day) – 29 април 2016

Ако сте љубител на романтичните комедии кои изобилуваат со познати имиња, како Новогодишна ноќ (New Year’s Eve) и Денот на вљубените (Valentine’s Day), тогаш без сомнение ќе ви се допадне новиот филм на режисерот Гери Маршал што ги вклучува Џенифер Анинстон, Кејт Хадсон и Џулија Робертс.

Јас пред тебе (Me Before You) – 3 јуни 2016

Филмот е базиран според популарната книга со истото име на Џоџо Мојзис. Во главната улога можеме да ги видиме Емилија Кларк и Сем Клафлин. Лу (Емилија Кларк) ќе почне да се грижи за парализираниот Вилијам Трејнор (Сем Клафлин) и иако нивната врска ќе започне бурно, тие брзо ќе почнат да се заљубуваат.

Бебето на Бриџит Џоунс (Bridget Jones’s Baby) – 16 септември 2016

Добро познатата Бриџит Џоунс (Рене Зелвегер) се врати на големото платно со нов проблем – таа е бремена и не знае кој е таткото! Откријте дали бебето е на нејзиното поранешно момче, Марк (Колин Фирт) или пак, на нејзиниот нов љубовен интерес – Џек (Патрик Демпси).

 

Прегледи:
996
Објавено на:
16.09.2016