Во 8 часот наутро, во продавниците на “Apple” ширум светот, започна да се продава новиот “iPhone 7” и “iPhone 7 Plus”.
Станува збор за купување на однапред нарачените телефони, а според соопштението на “Apple” од четвртокот, купувачите кои не успеале да ги нарачат своите паметни телефони, веројатно ќе останат разочарани, поради недостатокот на телефони, кој е резултат на големата побарувачка.
Како и обично, продавниците се отворени во Јапонија, Хонг Конг, Австралија, Нов Зеланд и други азиски и океански држави.
“Iphone 7” со 32 гигабајти интерна меморија чини 649 американски долари, а може да достигне и до 969 американски долари, доколку купувачите се одлучат за “iPhone 7 Plus” oд максимални 256 гигабајти интерна меморија.