Категории

Нена Мицева со моќна изведба на „Runnin“ од Бијонсе ја воодушеви јавноста

Прекрасната песна „Runnin“ од Бијонсе доби уште една моќна преработка, овој пат, во изведба на младата и талентирана Нена Мицева.

Средношколката Нена (18) од средното медицинско училиште во Скопје „Д-р Панче Караѓозов“ блесна со одлична и мошне моќна изведба.

– Сметам дека гласовните способности и емоциите најубаво доаѓаат до израз кога се пее балада, а емоцијата е најбитниот елемент во изведбата на една песна. Токму затоа, Runnin’ беше мојот прв избор, вели Мицева

После одличниот почеток и големиот број на комплименти, Нена ни ветува уште многу преработки, а и свои авторски песни кои веќе се во изработка.

Прегледи:
495
Објавено на:
20.09.2016