Секоја година на денешен ден, 21 септември, во светото се одбележува Меѓународен ден на мирот. Замислен како ден без вооружени судири и како општ ден без насилство, но и како би им се овозможило на луѓето да пристапат во хуманитарна помош.
Обединетите народи уште во 1981 година одредила дека секоја година ќе се одбележува Светскиот ден на мирот и тоа третата сабота во септември. Со резолуцијата на ОН во 2001 година било одлучено дека Денот на мирот ќе биде фиксен ден и тоа 21 септември.
Во одбележување на денот се вклучи и Фејсбук со сопствена тематска видео честитка во која ги повикува луѓето ширум светот да ја шират љубовта за да донесе малу повеќе мир.
Покрај тоа, денес ги повикува луѓето и на постовите помеѓу реакциите да го кликнат срцето и ја рашират љубовта. Дали веќе кликнавте на срце? Ако не сте, сторете го тоа веднаш!