Категории

Владо Јанески отвори ново радио „Хепи“

Нова скопска радио-фреквенција, од среда почна да емитува програма, а тимот на радиото ветува свежина низ скопските радио бранови.

Менаџерскиот и водителскит тим на Хепи радио, ан прес-конференција, зборуваа за концепцијата и за програмската шема на новата градска фреквенција, која, благодарение на новите технологии е достапна во целиот свет.

Директорот и еден од сопствениците на радиото, Владо Јаневски истакна дека главна цел на радиото е да шири добра вибрација низ градскиот етер, и дека целта на неговиот тим е да стане најдобриот пријател на сите слушатели кои ќе дојдат на оваа фреквенција.
Неговото долгогодишно искуство во шоу-бизнисот ќе биде доволна гаранција за Хепи радио да внесе свежина низ скопските радио бранови.

Главниот и одговорен уредник Иван Беќковиќ зборуваше за програмската шема и го претстави водителскиот тим на Хепи радио, напоменувајќи дека фреквенцијата 107.4 во текот на денот има цели 14 часа програма во жива, како и целоноќна одбрана музика, а приказната продолжува и во деновите на викендот.

Гласовите кои ќе им прават друштво на скопјани им припаѓаат на: Оливера Петрушевска, Марко Новески, Ана Тодевска, Зорица Црношија, Маја Бабиќ и Маја Ристовска.

Прегледи:
521
Објавено на:
21.09.2016