Категории

Колку чини да го направи а колку ни го наплаќа Apple новиот iPhone 7?

Аналитичарите на IHS Markit направиле пресметка колку се трошоците за да се произведе неодамна лансираниот iPhone 7.

Според IHS, тоталните производствени трошоци за iPhone 7 32GB изнесуваат 224,80 долари, што е за 36,89 долари повеќе од iPhone 6S кој беше анализиран во декември 2015 година.

Иако формата и физичкиот дизајн на iPhone 7 се многу слични со претходникот iPhone 6S, новиот дисплеј има подобрени карактеристики, што води до зголемени трошоци. Исто така, сега е јасно дека Apple го острани 3,5 милиметарскиот приклучок за слушалки со цел да овозможи поголема батерија, хаптичко моторче и водоотпорен микрофон.

Ќе ја спомнеме и зголемената меморија каде сега основниот модел има капацитет од 32GB.

Инаку цените по кои ќе се продаваат моделите на  iPhone 7 се од 649 долари па нагоре.

Прегледи:
365
Ознаки:
Објавено на:
24.09.2016