Категории

Најсилните меѓу нас: Деца болни од рак ја пеат „Fight Song“ за да покажат колку се ХРАБРИ

Болница од Тексас создаде позитивно видео во кое деца болни од рак го пеат популарниот хит „Fight Song“.

Во него, пациенти од „Doctor’s Hospital at Renaissance“ на возраст од 15 месеци до 17 години ја пеат песната со боксерски ракавици на своите раце за да ја покажат својата борбеност и решеност да го победат ракот. Со својата позитивност, овие силни „професионални боксери“ се инспирација за сите нас.

https://www.youtube.com/watch?v=DVE1VN-6a2M

На крајот од видеото болницата им оддава почит на 9 дечиња кои ја изгубиле битката со ракот.

Септември е месец за подигнување на свеста за ракот на децата.

Прегледи:
471
Ознаки:
· ·
Објавено на:
26.09.2016