Иако вечерите обожаваме да ги поминуваме со омилените хумористични серии, постои одредена доза сила и инспирација во вистинитите приказни на луѓето од нашето секојдневие за разлилни теми. Било да се работи за економија, храна, здравје и здрав живот, мода и стил, секогаш е добро да се дознаат нови совети и да се добие поголема слика од стручњаците кои отворено разговараат за своите искуства. Токму поради тоа наместо предлог серии овој пат одлучивме да ви претставиме неколку документарни филмови базирани на вистинити случувања во кои секоја млада девојка ќе пронајде инспирација и животна лекција.
1.IRIS
Лекција за животот, убавината и модата.. Ирис Апфел е страствена колекционерка која инспирира со своите изјави и начинот на живот. Преку овој документарец ќе дознаете зошто ако го работите она што го сакате е привилегија да одете работа, бидејќи би бил вистински моден промаршај да погледнете во огледалото и да наидете на сосема друга личност.
https://www.youtube.com/watch?v=Fo8jwJ_2l0c
2.CODE GIRL
Сакате да го промените светот? Придружете им се на овие средношколки кои сакаат да воведат промени во нивната заедница користејќи ја технологијата создавајќи апликација од која ќе заработат 10 000 долари.
https://www.youtube.com/watch?v=cRb5iel-3Ck
3.WHAT HAPPENED, MISS SIMONE?
Тешко е да се бориш за себе и да бидеш верен на принципите особено ако тоа значи дека треба да се жртвуваш. Легендарната активистка и музичар Нина Симони е меѓу првите кои зборуваа за правата на жените и африканците во Америка и тоа го зборува преку своите песни и дела.
https://www.youtube.com/watch?v=moOQXZxriKY
4.SHE’S BEAUTIFUL WHEN SHE’S ANGRY
Овој документарец носи голема слика за женската борба за еднаквост. Иако често се среќаваме со зборот феминизам, малкумина знаат како се започнало. Филмот ве води во ’60тите и ’70тите години од минатиот век и приказните на легендарните жени кои се залагале за половата еднаквост.
https://www.youtube.com/watch?v=6sUsLn7v_wI