Категории

Малата принцеза Шарлот го изговори првиот збор во јавноста

Британската принцеза Шарлот го изговори првиот збор во јавноста во четвртокот за време на фамилијарната турнеја низ Канада. Таа го изговори зборот “поп”, додека си играше со брат и со балони, напиша “Reuters.”

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, заедно со нивните деца се на патување по Канада. Тоа е прв пат парот да ги носи и децата со нив на службено патување во некоја земја.

“Reuters” пренесува дека ова не е прв пат за време на канадската турнеја, децата на британското кралско семејство да бидат во центарот на вниманието. Во саботата, принцот Џорџ се најде на насловните страници, кога го игнорираше премиерот Џастин Трудо, кој сакаше да се ракува со него.

Прегледи:
362
Објавено на:
30.09.2016