Категории

Зошто училиштата во Јапонија се едни од најдобрите?

Сите имаме за цел да го добиеме соодветното образование и едукација уште од основно училште. Но тоа не се случува секогаш и многу често ги приметуваме оние т.н. ,,дупки,, односно недостатоци и ненаучени работи за коишто сме ја добиле веќе највисоката оценка. Но зошто е тоа така и каде е грешката?

Зборувајќи на глобално ниво, училиштата во Јапонија се сметаат за едни од најреномираните. Децата ги учат за важноста од  почит кон луѓето и животните, хуманоста, самоконтролата и секогаш да трагаат по вистината. Академското образование доаѓа второ по важност.

Образовните институции ја започнуваат учебната година со цветањето на јапонските цреши, односно на први април. Ова им дава на учениците во исто време мотивација и сила за почетокот на новата учебна година и се чувствуваат посериозно и поинспирирано.

index

Многу интересно во врска со овие училишта е фактот дека во установите нема вработени хигиеничари. Таа работа ја завршуваат самите ученици. Целта е да ги научи децата на тешка работа. Освен стандардните предмети, во предметната настава има вклучено изучување на јапонска калиграфија и поезија.

Сите ученици имаат задолжение да носат униформи. Ги прави да се чувствуаат спремни за работа, а тоа го докажуваат и статистиките кои покажуваат дека присутноста на учениците на настава изнесува 99,99%

447ddec69075c978c39dcad1208ea9d0

Прегледи:
542
Објавено на:
01.10.2016