Категории

Погледнете го кутрето кое секој ден се бања само

Иако знаеме дека ретриверите се едни од најинтелигентните раси на кучиња, овој примерок навистина изненадува.

Имено, златниот ретривер по име Брејди иако има само четири месеци, изненадува со своите хигиенски навики. Додека со повеќето кучиња газдите мака мачат да ги избањаат, Брејди тоа го прави сам.

Очигледно дека за него не важи изреката “валкано куче = среќно куче”, и наместо да се валка во кал и земја ова кутре инсистира на перфектна хигиена и секој ден само и без ничија помош влегува во кадата.

Како што можете да видите на видеото, Брејди сам влегува во кадата, си пушта вода, и откако ќе се избања излегува од кадата и целосно се завиткува во крпа. Откако ќе заврши со овој ритуал вообичаено оди малку да “дремне”.

И после некој ќе рече “тежок живот кучешки” :)

Прегледи:
895
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
04.10.2016