Категории

СКАПА ВЕНЧАНИЦА, МЛАДОЖЕНЕЦ ОД СОНИШТАТА, А НЕВЕСТАТА ТАЖНА: ПАРИТЕ СЕПАК НЕ МОЖАТ ДА КУПАТ СРЕЌА!

Парот се запознал во месец февруари, за да се венчаат половина година подоцна, но за среќа е сепак потребно малку повеќе…

Кога се мажи ќерката на чеченскиот нафтен тајкун, не треба да се биде генијалец за да се заклучи дека свадбата ќе биде вистински спектакл.

21-годишната Елина Бажаева се омажила за четири години постариот претприемач Бек Али Кан Мамакаев којшто го запознала во месец февруари оваа година.

⛅️

A photo posted by elie (@secondkidelie) on

Биле доволни само два месеца за да се свршат, а половина година подоцна организирале и спектакуларна свадба за стотина гости.

Татко на невестата е Муса Бажаев, претседател на компанијата OJSC Alliance Group. Младоженецот пак е наследник на групата Dorchester Finance и Alima Cosmetics, како и ко-сопственик на компанијата на неговиот татко. Тој може да се пофали и со диплома од универзитетот во Лондон, а говори и шест странски јазици.

Венчавката се одржала во ексклузивниот ресторан Le Louis IV во Монте Карло.

A photo posted by elie (@secondkidelie) on

И иако традицијата не е таква, младенците седеле заедно, но за разлика од својата ќерка, Муса и неговата сопруга се држеле строго до традицијата и не присуствувале на свадбата.
Всушност, според чеченските обичаи, свадбата ја плаќа само младоженецот, па може да дојдат само членови од неговото семејство.

Елина се омажила во венчаница вредна 280.000 евра, којашто ја дизајнирал познатиот креатор на спектакуларни фустани Зухаир Мурад.

@zuhairmuradprivate thank you for making this day special and beautiful❤️

A photo posted by elie (@secondkidelie) on

Инаку, сестрата на Елина, Марјам, се омажи пред шест месеци и таа имаше традиционална венчавка на која присуствуваа 600 гости.

My all❤️

A video posted by elie (@secondkidelie) on

Прегледи:
434
Објавено на:
05.10.2016