Категории

Колку се платени актерите од “Game of Thrones” за една епизода?

Неодамна магазинот “Variety” спроведе истражување за хонорарите на најплатените телевизиски актери, а богатите ѕвезди од серијата на HBO – “Game of Thrones” котираа високо на листата.

Имено, Питер Динклиџ (Тирион Ланистер), Лина Хиди (Серси Ланистер), Кит Харингтон (Џон Сноу), Емилија Кларк (Денерис Таргеријан) и Николај Костер-Валдау (Џејми Ланистер) земаат од прилика по 500.000 долари за епизода.

Тирион, Серси, Џон, Денерис и Џејми се сметаат за најголеми ѕвезди во серијата, што ги објаснува и нивните огромни хонорари, но тоа не значи дека тие ќе бидат безбедни до завршувањето на серијата.

Минатиот месец, актерката која ја глуми Санса Старк, Софи Тарнер, откри дека во наредната сезона ќе умрат уште повеќе луѓе од што сме навикнати.

“Ќе имаме уште една сезона потоа… Добро, не сите од нас”, објасни Софи.

q2

Александер Сидиг, актерот кој го играше Доран Мартел, исто така изјави дека е изнервиран поради фактот што неговиот карактер бил убиен туку-така, но можеби нервозата се крие зад тоа што не е толку високо платен како главните актери.

“Не се заработува онолку колку што би направиле од некоја друга серија, затоа што тие се Game of Thrones, па не мора да им плаќаат на актерите. Па, на некој начин тоа е благослов со скриена страна”, изјави тој.

q3

Прегледи:
492
Ознаки:
·
Објавено на:
05.10.2016