И мажите сакаат комплименти!
*Мил мој, се гордеам со тебе!
Без оглед дали станува збор за нова работа, хоби или мал успех – мажите обожуваат да слушнат дека некој се гордее со нив.
*Ми се допаѓаат твоите пријатели.
Тоа значи дека ќе можете заедно да се дружите што за мажот е многу важно.
*Имаш добар вкус за филмови.
Ова им е еден од омилените комплименти! Секако, пофалете го ако навистина успеал да погоди што ви се допаѓа.
*Толку многу си талентиран за ….
Фудбал, ракомет, цртање, компјутери, мали нешта во посетла…Пофалете ги неговите вештини. Поддржете го, поттикнувајте го.
*Обожувам да поминувам време со тебе.
*Не знам што ќе правев без твоја помош.
*Секој ден одново ме воодушевуваш.
*Сакам кога ме засмејуваш.
*Прекрасно мирисаш.
*Сакам како изгледаш во тие фармерки, маичка, одело, кошула…
*Толку си згоден. Ги сакам твоите (тука вметнете специфични атрибути: очи, насмевка, стомачни…)