Ако некогаш се прашувате од каде ја црпат енергијата светските најсилни, најбрзи и физички најспремни атлетичари, одговорот го има турскиот фотографер Умит Бектас. Тој беше ангажиран да дознае повеќе за нивните дневни внесувања. Според тоа истражување, било утврдено дека сите внесувале храна различно од аспект на постигнатите резултати и спортот со кој се занимаваат.
Мерве Ајдин, Атлетичарка, 3000 калории
Дваесет и шест годишната атлетичарка тренира неколку часа во денот и се води по строга високопротеинска диета.
Фатих Аван, Фрлач на ѓуле, 3500 калории
Фатих изјавил „Можеби сум елитен атлетичар со добри перформанси, но можам да бидам уште подобар доколку освојам олимписки медал. Добрата диета е есенцијална за моќ.“
Нур Татар, Теквондист, 1500 калории
Атлетичарката која освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон, 2012 година се води по нискокалорична диета:мора да изгуби неколку неколку килограми за да може да се бори.
Елиф Јешилирмарк, Борач, 3000 калории
Елиф дневно пие минимум 5 литри вода секој ден и го заменила месото со риба. Смета дека рибата е поздрава и понутрициона.
Бахри Танрикулу, Теквондист, 3000 калории
Светски шампион по трет пат и освоен сребрен медал на Олимписките игри го потврдуваат вложениот труд на Бахри. Голема улога за неговиот успех игра неговиот дневен внес од 3000 калории и здравата диета која ја практикува, исполнета со овошје и зеленчук.