Скопјанецот Костадин Петрушев (24) го остави жирито без зборови по вчерашниот настап во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Младиот Македонец се претстави со песни од Дино Мерлин и Тоше Проески.
-Мене ме воодушеви. Извонредна експресија, сценски настап, изглед и интонација. Момчето е за вистински медал. Секоја чест, изјавил тајниот член.
-Од мене одличен пет, изјавил Босанец, но и останатите членови од жирито биле воодушевени од неговото пеење.
-Македонија се буди. Вечерва беше најдобар од сите, го пофали Аца Лукас.