Категории

ФОТО: Жељко Јоксимовиќ го запали Велес, 70.000 луѓе вчера на Питијада

Втората вечер од 13-тата по ред Питијада во Велес долго ќе се памети. Како што најави, така и се случи…Жељко Јоксимовиќ вчера направи одлична забава и го запали градот.

Бројките покажуваат дека синоќа 70.000 лица се забавувале со одличната музичка програма на Питијадата, а уживале и во добрите пити и виното. Во изминатите два дека продадени биле вкупно 17.350 пити а се испиле 4.210 литри вино од штандовите. Ова бројка е поголема доколку се земе во предвид продажбата од рестораните.

За одличната забава се погрижија и Антониа Гиговска, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Дани Димитровска и Тропико Бенд.

Бината вечерва е резервираната за за Eye Cue, Нокаут, ДНК и популарните Ван Гог чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација.

Прегледи:
590
Објавено на:
09.10.2016