Категории

Зошто се вели дека скршеното огледало носи несреќа?

Едно од најраспространетите верувања датира од дамнешни времиња кога изработката на овој предмет била многу скапа, затоа што се правело од ретки материјало, како што е вулканското стакло.

Го имале само богатите. Венецијанските мајстори од 15 и 16 век не сакале да го откриваат занатот, но за да уште повеќе ја издигнат вредноста на својот труд, потикнале приказна дека оној кој го скрши тој предмет ќе биде несреќен.

Уште старите Римјани имале своја теорија, верувајќи дека огледалото ја „лови“ душата додека се гледаме во него, па така ако го скршиме, таа останува растурена во парчињата и потребно е да поминат седум години за да се обнови.

Можеби од таа причина во некои краеви постои обичај да се покриваат огледала и стакла во куќата кога некој ќе умре, за душата да може да замине незабележливо.

Прегледи:
511
Објавено на:
10.10.2016