Категории

Ријана со порака до бившите: “Очигледно не бев јас проблемот”

28-годишната Ријана овие денови престојува во родниот Барбадос, каде што е дојдена заради крштевката на нејзиниот внук.

Таа на Барбадос е во друштво на своето семејство, и постојано е насмеана и во добро расположение. На семејниот собир носеше едноставен бел фустан кој е во совршен контраст со нејзината фризура популарно наречена “суканици”.

w2

Сепак, ни фустанот ни фризурата не привлекоа толку внимание колку што привлече нејзината објава на Инстаграм во која Рири вели: “Ниту еден од моите бивши не е оженет ниту пак во среќна врска, па може да кажеме дека јас не бев проблемот”!

w3

Веруваме дека ова најмногу се однесува на раперот Крис Браун, со кого раскина во 2009 година кога тој брутално ја претепа пејачката. Освен со него, Рири беше во врска со бејзбол играчот Мет Кемп, со раперот Тревис Скот и со фудбалерот Карим Бензема. Сега наводно е заљубена во пејачот Дрејк, а ова се шушка веќе со години, но во последниве месеци и се потврдува со нивното постојано појавување заедно и љубовните изјави на сцена.

w4

Прегледи:
391
Објавено на:
10.10.2016