Можеби песните на Адел се посветени на тажни љубовни приказни и раскинувања, но романтичниот и симпатичен момент кој се случи на концертот во понеделникот вечер покажува дека љубовниот живот на Адел е во најдобар ред.
Имено, нејзиниот долгогодишен партнер Симон Конецки, ја изненади со љубовни пораки испишани на розови конфети кои беа пуштени за време на концертот.
Најчесто конфетите кои се пуштаат на концертите на Адел се во бела боја, а на секоја од нив се испишани дел од стиховите на нејзините песни.
Но, во понеделникот вечер за време на концертот во Нешвил, Конецки реши да ја изненади по повод нивната пет годишнина, па заменил некои од белите конфети со розови, на кои рачно напишал љубовни пораки.
Адел и Симон заедно го имаат 3 годишниот син, а пејачката во недоамнешно интервју изјави дека наскоро би сакала да има уште деца.
https://www.youtube.com/watch?v=DghNxyvWF4U