Категории

Кој е вашиот среќен број?

Датумот на раѓање на една личност може да го открие неговиот среќен број, а освен тоа, опишува одредени карактерни особини.

Пример: Датумот на раѓање: 16.12.1985-та година

1+6+1+2+1+9+8+5=33

3+3=6

Бројот 6 е твојот среќен број.

  • Број 1
    Најголемите водачи биле родени под знакот на овој број. Поседуваат моќ на уверување на масите, амбициозни се, понекогаш дури и претерано, тешко се откажуваат од своите идеи и соништа, поради што наидуваат на препреки во животот. Личностите родени под овој број од ништо не се плашат и секогаш се наоѓаат чекор пред времето и иницијатори се на нови идеи.
  • Број 2
    Родените под знакот на број 2 по природа се привлечни поради што не ги оставаат другите рамнодушни, поради што можат да го освојат секој кој го посакуваат. Тие се уметнички души, создадени за љубов, за давање и делење. За нив е мно поважна суштината, отколку самата форма. Кога немаат љубов, мислат дека немаат ништо.
  • Број 3
    Тие секогаш стојат цврсто на земја, реално ги согледуваат нештатат, другите и себеси. Не се цинични, ниту пак лицемерни и токму затоа се многу добри пријатели. Многу често се несреќни поради тоа што не можат без љубов, па трпат многу во име на тие возвишени чувства.
  • Број 4
    Тие се луѓе од доверба, она што ќе го ветат, го исполнуваат. Честопати многу сериозно го сфаќаат животот и не умеат да се забавуваат. Подеднаква одговорност очекуваат од луѓето околу себе, поради што често не се толерантни кон своите пријатели и љубовни партнери и секогаш се снаодливи и практични.
  • Број 5
    Забавни се, интелигентни, ведри, ја ценат љубовта, пријателите… се што ви треба да го имате во вашиот живот. Имаат и негативни карактеристики, но кој нема? Покрај толку позитивни особини, маните се потполно неважни и незабележливи.
  • Број 6
    Тие се нежни, чувствителни и полни со разбирање кон сите. Многу лесно може некој да ги повреди. Имаат смисла за естетика и убаво, освојуваат на прв поглед. Кога другите ќе ги запознаат, уште повеќе ги засакуваат.
  • Број 7
    Личностите родени бројот 7 се мистици, пророци, филозофи. Тие паметот го користат само за своите цели. Имаат висок коефициент на интелигенција, многу размислуваат, но и практични се.
  • Број 8
    Се работат во нивна корист. За нив и љубовта е корисна и не започнуваат врска без да размислат за бенефициите што таа врска може да ги донесе. Многу често деловни партнери им се блиски пријатели, односно оние од кои би можете да извлечат некаква корист.
  • Број 9
    Чесноста е нивната најголема доблест и претставува темел на кој го градат целиот свој живот. Едноставно се богатство кое секој би го посакал во својот живот. Тие знаат што е исправно, а што не, умеат тоа да го кажат на глас и ако има потреба и да утешат. Велат дека ако ви е потребен совет, секогаш треба да се обратите кај личност родена под број 9.

Прегледи:
548
Објавено на:
23.10.2016