Се разбира, не сметајќи ја фазата во која сте сингл, постојат 4 фази во кои може да се најдете кога се работи за љубовта.
Во која спаѓате вие?
1. Романтична фаза
Романтичната фаза трае меѓу 2 месеци и 2 години. Во текот на оваа фаза невротрансмитерите во мозокот се однесуваат исто како кога сме под дејство на дрога, опседнати сме да поминеме што повеќе време со партнерот и покажуваме неспособност да размислуваме за ништо друго.
2. Фаза на борба за доминација
Кога ќе помине романтичната фаза, ги согледуваме недостатоците на партнерот и стигаме во фаза на разочарување и лутење кое доведува до караници и борба за надмоќ. Во оваа фаза се поставуваат границите и работите за кои вреди да се борите.
3. Стабилна фаза
Стабилната фаза значи дека сте го прифатиле партнерот со сите негови маани и доблести, нема повеќе борби за доминација, а и караниците се поретки и поретки.
4. Фаза на вистинска љубов
Може да почне и по една година, а може и по десет. Во фазата на вистинска љубов партнерите добро се познаваат и лесно им е да донесуваат заеднички, но и засебни одлуки, се поддржуваат и навистина се прифаќаат и се грижат еден за друг.