Категории

“Ѕирнете” во Škoda Fabia каква што досега никогаш не сте виделе!

Дека внатрешноста на еден модел под логото на Škoda може да биде и тоа како атрактивна, ни покажа полскиот Carlex Design, којшто се занимава со доработка на ентериерот на сериските модели на автомобили.

Оние коишто сметаат дека кабината на новата Fabia е помалку еднолична и неугледна, а имаат и одвишок пари во својот џеб, Carlex Design, подготви неверојатна трансформација на внатрешноста на овој автомобил.

skoda-fabia-interior-03

Речиси сите површини во кабината, вклучувајќи ги и седиштата, командната табла и облогите на вратите се преслечени со квалитетни кожни материјали, а монотонијата на темните нијанси е разбиена со црвени детали.

Задржано е единствено оригиналното “небо” и украсната пластика на касетата пред совозачот, којашто е изведена во високосјаен финиш.

skoda-fabia-interior-04

skoda-fabia-interior-05

Carlex не навел и колку би го чинело сопственикот на една нова Fabia за тој својот автомобил да го преуреди на ваков начин, но секако се работи за поголема сума, па прашањето коешто се наметнува е кој воопшто би се одлучил на такво нешто, знаејќи дека овој модел на Škoda спаѓа помеѓу поевтините автомобили на пазарот.

Што мислите вие?

skoda-fabia-interior-06

skoda-fabia-interior-t-02

Прегледи:
413
Објавено на:
25.10.2016