Категории

Науката докажа дека виното е подобро во комбинација со сирење

Дека виното и сирењето одат одлично заедно е веќе одамна познато, но сега и науката официјално се согласи со тоа.

Имено, новото истражување спроведено во Центарот за вкусови и исхрана во Франција покажа дека сирењето, вклучувајќи ги тука и мекото и тврдото сирење, го подобрува вкусот на слатките, сувите, полу-сувите и овошните вина.

“Благодарение на нашето истражување научивме дека перцепцијата за јачина на одредено вино може да биде намалена откако ќе се консумира сирење, а четири различни сирења кои ги тестиравме го имаа истиот ефект”, вели водителката на истражувањето, Мара Галмарини.

“На кратко, тоа значи дека виното најверојатно ќе има подобар вкус без разлика кое сирење ќе го одберете во комбинација”, додава таа.

Прегледи:
334
Објавено на:
25.10.2016