Првиот потрес беше регистриран во 19.10 часот со интензитет од 5,4 степени по Рихетеровата скала. Вториот беше осум пати посилен, со магнитуда од 6,1 степени, соопшти американскиот Геолошки завод.
Со оглед на тоа дека повеќето жители веќе биле надвор на улиците со намера под отворено небо да ја минат ноќта, два часа подоцна, кога удри вториот земјотрес, тие биле надвор од своите домови, со што веројатно се спасени многу животи, соопштија официјални лица.
Сеизмолошките служби соопштија дека првиот потрес бил регистриран со епицентар 60 километри источно од Перуџа, на длабочина од девет километри под површината на земјата, а вториот близу Вишо, на 170 километри североисточно од Рим, на длабочина од 10 километри.
Погледнете ја застрашувачката снимка. Ќе ви се заледи крвта во вените.
https://www.youtube.com/watch?v=oHsAcjKPo4c