Кога меморијата на телефонот ви е пополнета, тешко е да се процени што да се избрише за да дојдете до слободен простор. Најдобра опција е да започнете од фотографиите и видео деловите. Тие завземаат многу меморија(посебно видео деловите) па најпаметна опција ви е да ги префрлите на својот компјутер или USB и да ослободите место на мобилниот за нови доживувања и моменти.
Потоа избришете ја музиката која веќе не ја слушате на вашиот мобилен. Или префрлете ја на компјутер доколку некои песни ви се посебно омилени. Откако ќе ги избришете видео деловите, фотографиите и музиката, избришете ги и сите апликации кои повеќе не ги користите. После ова на вашиот паметен телефон повторно ќе имате доволно простор за сите новитети.
Извор : makedonijadenes.com.mk