Категории

Таткото кој исчезнал пред 23 години, пронајден здрав и жив со ново семејство! (ФОТО)

Во 1993 година и рекол на сопругата дека оди во болница и не се вратил повеќе. Полицијата го пронашла неговиот автомобил на аеродром но тој не се качил на ниту еден лет.

По 23 години, годинава во јули, пронајден е во Флорида – има нова сопруга и дете.

Ричард Хогленд пред 23 години, во февруари 1993, заминал од куќата во Индијанаполис во која живеел со втората сопруга Линда, со која имал 2 сина.

Линда била на работа, а тој и се јавил и и рекол дека веднаш мора да замине во болница.

Веќе не се вратил. Тогаш имал 40 години.

Линда очекувала да се врта. Неколку пати им праќал картички на синовите со 50 долари, барајќи од нив да се грижат за мајка им.

По 10 години, во 2003 бил прогласен за мртов и неговата сопруга се премажила. Во јули годинава, полицијата од Флорида и се јавила на Линда да и соопшти дека Ричард е уапсен за кражба на идентитет.

Хогленд во 1993 заминал во Флорида под името Тери Џуд Симански – име на рибар кој загинал во несреќа во 1991 година.

Во 1995 се оженил со Мери Хикман и добил дете. Добил дозвола за пилотирање и живеел мирно во градот Зефајрхилс.

Бил откриен кога внукот на вистинскиот Тери Џуд Симански истражувајќи ја семејната историја на Ancestry.com, пронашол податок според кој Тери Џуд се оженил во 1995 година.

Кога загинал во 1991 година, рибарот немал ни сопруга ни деца, а Ричард почнал да планира да го земе неговиот идентитет, откако од таткото на рибарот го изнајмил неговиот стан во Палм Бич. По смртта на Едвард Симански, таткото на Тери Џуд, Ричард го сторил тоа.

q2

Сега на 63 години Ричард се соочува со бројни обвинувања за измама и кражба на идентитет.

Откако неговата трета сопруга Мери била известена од полицијата за сето ова, таа во нивниот дом пронашла куфер во кој имало документ со вистинскиот идентитет на нејзиниот сопруг.

Кога бил уапсен, Ричард Хогленд и рекол на полицијата дека едноставно сакал да замине од втората сопруга, а не можел да поднесе уште еден развод!

– Тој е себична кукавица, човек кој го живеел својот живот уништувајќи други луѓе – изјави шерифот Крис Ноко.

Прегледи:
336
Објавено на:
28.10.2016