Сите чувствуваме како зимата се повеќе се приближува и си го завзема своето место, а постои ли подобар начин да и посакате добредојде од оној со внимателно приготвен колач чиј мирис се шири низ целата соба?
Потребни состојки:
- 300гр брашно
- 100гр мелени бадеми
- 200гр шеќер
- 100гр растопен солен путер
- 1 супена лажица узо
- 200гр цели бадеми
- 1/2 квасец
Подготовка:
Печете ги бадемите во рерна 5 минути. Потоа, промешајте ги путерот и шеќерот. Додадете ги постепено брашното, квасецот и мелените бадеми. Загрејте ја рерната на 180 степени.
Поделете го тестото на три долгнавести парчиња. Печете додека канистрелите не добијат златеникава боја. Исечете ги бисквитите на коцки и печете ги уште десетина минути. Оставете ги канистрелите да се оладат.