Категории

7 знаци кои покажуваат дека е време да ја прекинете врската со вашиот пријател со бенефиции

Сериозната врска бара многу работа, па затоа, за некои личности попривлечна е идејата да имаат пријатели со бенефиции. Оваа врска нуди забава, секс и уживање со личност со која знаете дека нема да градите долгорочни односи. Но, исто така треба да имате предвид дека овој однос сепак влегува во категоријата „врски“, која има свои подеми и падови и во повеќето ситуации еден од партнерите ќе треба да стави крај. Еве кои знаци покажуваат дека е време да го прекинете односот со вашиот пријател со бенефиции.

1. Вашиот пријател со бенефиции ве оддалечува од други состаноци

Пријателот со бенефиции би требало да ви биде извор на сексуална утеха кога не сте во сериозна врска. Доколку сакате некој сериозен однос, треба да знаете дека никогаш нема да можете да го имате со оваа личност. Затоа, тогаш е време да ставите крај на оваа врска и да започнете нешто ново. Ако сметате дека ги откажувате сите ваши состаноци само затоа што имате некоја врска со вашиот пријател со бенефиции, тогаш време е да размислете дали вреди да се жртвувате на овој начин.

2. Врската со пријателот со бенефиции постојано е во вашиот ум

Оваа врска би требало да биде лесна, обична и забавна. Секако дека постојат правила кои треба да ги почитувате затоа што оваа врска сепак заслужува почит, но, кога таа ќе почне да ви предизвикува душевна болка, тогаш тоа е моментот кога треба да ја прекинете.

3. Оваа врска прави да се чувствувате тажни

Вашиот пријател со бенефиции може да ве прави среќни на многу начини. Но, доколку оваа врска ве прави тажни, тогаш вие не сте на добар пат. Очигледно е дека повеќе таа не ви го дава она што ве прави задоволни и не постои причина зошто да не излезете од оваа врска и да ја барате среќата надвор од неа.

4. Пријателот со бенефиции манипулира со вас

Многу е важно вие и вашиот партнер да се согласувате. Ако некој од вас се чувствува повреден или запоставен, треба да зборувате за тоа. Повеќе од која било друга врска, односот на пријателите со бенефиции се заснова на чесност и транспарентност во сите работи. Ако вашиот партнер почнува да манипулира со вас или да прави да се чувствувате виновни за нешто, тогаш време е да го прекинете вашиот однос.

2-7-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-ja-prekinete-vrskata-so-vashiot-prijatel-so-beneficii

5. Почнувате да ја криете вашата врска

Не постои ништо лошо во тоа да имате пријател со бенефиции. Но, доколку вашата врска станува непријатна, при што кога излегувате со вашите пријатели вие се обидувате да ја сокриете, тогаш тоа покажува дека нешто не е во ред и дека време е да размислите како ќе продолжите понатаму.

6. Врската повеќе не е забавна

Во суштина, врската со пријател со бенефиции се заснова на забава. Секако дека треба да внимавате да ги почитувате меѓусебните чувства, но доколку таа повеќе не е забавна, тогаш нема причина да продолжите. Ставете крај и ќе видите дека можеби ќе уживате во меѓусебното друштво само како пријатели.

7. Вашиот пријател со бенефиции има друга личност во неговиот живот

Вашата врска ќе ги следи правилата кои вие самите ќе си ги поставите. Но, доколку тој има сериозна девојка или друга партнерка, која не знае за вас, тогаш тоа не е добар знак, зашто во овој случај вие имате улога на љубовница.

Прегледи:
535
Објавено на:
29.10.2016