Некои уметници имаат таква спосовност да ги преминат сите граници кога е во прашање уметноста. Без оглед на тоа дали коритат пастелни или мрсни бои, па дури и обично ХБ моливче, тие можат да создадат слики за кои ќе се двоумите дали се вистински или парче хартија. Со нивниот несомнително голем талент, овие дела бескрајно ќе ве импресионираат и ќе ве остават без здив.
Диего Фацио
Диего работи исклучиво со молив и јаглен, секогаш од левата страна на делото кон десната. За секое изработено дело му треба просечно околу 200 часа.
Омар Ортиз
Способноста на Омар за преливање бои, избирање на соодветното затемнување и осветлување е негова најзначителна карактеристика. Има неверојатна способност на симетричен начин да ги прикаже деловите на човечкото тело.
Грегори Тилкер
Грегори Тилкер создава „врнежливи“ слики само со употреба на водени и мрсни боици да создава замаглени сцени. Кога гледате во неговите слики, просто ве потсеќаат на долгите патувања во кола на студен врнежлив ден.
Рут Тајсон
Британскиот уметник Рут Тајсон по професија всушност не е уметник. Но и покрај тоа, таа поседува исклучиво голем талент за реализирање на вистински ремек дела.Користи мешавина од графит, акрилични бои и молив.
Роберто Бернарди
Тешко е да се поверува дека овие слики не фотографирани со професионален апарат. Секој кој ќе погледне дел од неговите слики застанува за момент и се восхитува на деталите.
Робин Елеј
Неговиот таргет е најчесто на луѓето и нивната градба вметната во неговите дела. Најчесто ги пресликува моделите без облека, обвиткани со полупроѕирна обвивка.
Готфрид Хелнвајн
Хејнвајн најчесто користи водени боици за да ги создаде неговите дела. Не може да се најде крајот на неговите таленти – работи како уметник, фотографер, прави скулптури итн.
Винсент Фантаузо
Австралискиот уметник Винсент Фантаузо е познат ширум светот, особено за неговото најпознато дело – Портетот на Хит Леџер, направен неколку недели пред смртта на глумецот.
Камалки Лауреано
Камалки Лауреано е талентиран Доминикански уметник. За неговите дела користи акрилички бои на платно. За Лауреано, сликањето не е единствено копија од некоја фотографија, туку и пресликување на животот.
Метју Корнел
Во делата на Корнел не присуствуваат човечки суштества, бидејќи верува во свет каде владее единствено природата.
Томас Арвид
Голем обожавател на виното, Арвид го вклучува во мнозинството од неговите дела.
Брајан Друри
Дефинитивно впечатливи и несомнено оставајќи без здив, делата на Брајан Друри се првокласни. Добитник на многубројни престижни награди во САД и Европа, Друдид се фокусира на детализирање на човековата кожа и наоѓа начин да ги прикаже несовршеностите што луѓето најчесто се обидуваат да ги скријат.