Категории

Насилна дадилка: Мајката поставила камера за да види како го чува нејзиниот син и…

Откако најмила бејбиситерка за да го чува нејзиниот болен син, таа забележала драстични промени во неговото однесување.

Тифани Филдс од градот Лексингтон во Кентаки има 4-годишен син Лук, кој страда од Даунов синдром, епилепсија и срцеви тегоби, што значи дека му е потребна постојана нега.

Откако најмила дадилка за да го чува нејзиниот син, мајката забележала драстични промени во неговото однесување.

Таа одлучила тајно да постави камера и да ја дознае вистината за тоа што се случува во домот, додека таа не е тука. Кога го прегледала видеото, не можела да им поверува на своите очи. Работите биле многу полоши отколку што мислела.

Имено, Лилијан Вајт, бејбиситерката, го злоставувала немоќното дете влечејќи го по подот, менувајќи му ги пелените така што брутално му ги туркала рацете и нозете, а притоа му седела на лицето. Тифани веднаш ја пријавила кај надлежните и таа денес се бори за правда на суд.

Внимание! Видеото е вознемирувачко и содржи сцени на брутално насилство врз дете.

Прегледи:
414
Објавено на:
31.10.2016