Категории

Што е подобро да пиете, кафе или зелен чај?

Кој е вистинскиот одговор на дилемата Зелен чај или кафе, што е подобро за вас?

coffee

Одговорот е и двете.

Кафето и зелениот чај содржат различна содржина кофеин, кои  заедно со антиоксидансите, имаат некои одлични здравствени придобивки. И кафето и зелениот чај се безбедни и здрави (освен за бремените жени, кои најверојатно ќе треба да го намалат внесот на кофеин на помалку од 200 милиграми дневно).

1449517725511

Иако и кафето и зелениот чај содржат кофеин, кафето го има во многу поголема количина во една шолја. Шолја кафе содржи 100-150 mg кофеин, додека шолја зелен чај содржи околу 26 mg.

И кафето и зелениот чај имаат бројни здравствени придобивки.

Има докази од Јапонија дека зелениот чај може да ги намали шансите за смрт од било која причина( 23% помалку кај жените и 12% помалку кај мажите). Корисен е и против срцеви заболувања( 31% помалку кај жени и 22% помалку кај мажите). Резултатите биле прилично очигледни за случаеви од срцев удар( 42% помалку кај жените и 35% помалку кај мажите).

И зелениот чај и кафето се можни превентивни средства против дијабетес тип 2, иако кафето има поголем ефект. Истражувањата покажуваат дека тие кои пијат кафе редовно имаат 25-50% помал ризик од оваа болест.

Има навистина спротиставени докази за зелениот чај како заштита против ракот. Кафето може да ги намали шансите од рак на црниот дроб, кој е на третото место причини за рак на светско ниво. Зелениот чај може да ги забави когнитивните способности кај постарите во помали количини, а со кафето истото се случува по конзумирање поголеми количества. Имено, вкупниот внес на кофеинот кај луѓето може да има и голем ефект врз превенцијата на Паркинсоновата болест кај мажите(32-60%).

Зелениот чај е исто така ефикасен во намалувањето на „лошиот холестерол“  во крвта, и го намалува ризикот од срцеви заболувања до 31%.

Ангела Костуранова.

Прегледи:
777
Објавено на:
01.11.2016