Ферари следната година ја прославувааат својата 70-годишнина, означувајќи ја со производство на специјализирани верзии на некои модели и тоа во ограничен број.
Вкупно ќе има пет специјализирани модели и секој од тие модели ќе биде произведен во 70 примероци во знак на 70 –годишнината од постоењето на Ferrari. Само да потсетиме дека Ferrari почна со производство на автомобили во далечната 1947 година, откако претходно се докажа на тркачките патеки, a првиот автомобил кој што го носел логото на Ferrari бил моделот Ferrari 125.
Некои од овие специјализирани модели кои што ги планира Ferrari за следната година веќе се знаат, а тоа се:
- Ferrari F12 Berlinetta , кој што ќе биде именуван “The Stirling”. Овој модел е инспириран од 250 GT SWB Berlinetta, автомобил кој што во 1961 година го освојува трофејот Tourist Trophy, а возачот беше Стирлинг Мос.
- California T, кој што ќе биде именуван по актерот Стив Мекквин и ќе се вика “The Steve McQueen”. Овој автомобил е инспириран од моделот 250 GT Berlinetta од 1963 година.
- 488 Spider , кој што ќе биде именуван “The Green Jewel”. Овој абтомобил е инспириран од Ferrari 365 P2 кој што освои трофеи во 1965 и 1966 на трките “Nine Hours of Kyalami” во Јужна Африка а исто така го освои и трофејот “Trophee d’Auvergne” во 1996 година.
- 488 GTB, кој што ќе биде именуван по Михаел Шумахер и ќе се вика “The Schumacher”. Инспирација е моделот F2003-GA од 2003 година. Овој модел ќе биде направен во чест на Михаел Шумахер, а еве и некои податоци зошто е тоа така.
Михаел Шумахер е еден од најдобрите возачи на формула 1 на сите времиња, ако не и најдобриот. Тој 11 пати беше светски шампион и држи многу светски рекорди кои до ден денес не се срушени. Некои од тие рекорди се:
- Најмногу освоени шампионати
- Најмногу тркачки победи
- Најбрзи кругови
- Најмногу освоени поени
- Најмногу пол позиции
- Најмногу победи во една сезона – во 2004 година имаше 13 победи
Со екипата на Ferrari тој беше пет пати светски шампион едно по друго – односно од 2000 година до 2004 година. А во 2002 година постави нов историски рекорд- на секоја трка заврши меѓу првите три места и притоа постави и нов светски рекорд во највеќе последователни завршувања на подиум.
Шумахер ги почна своите почетоци во картинг шампионатите во Германија каде што ги освои шампионатите Формула 3 и Формула Куниг. Тој потоа склучи договор со Мерцедес и се придружи на возачите во спортскиот автомобилизам. Потоа тој потпишува за тимот на Бенетон во далечната 1991 година.
Тој го освојува шампионатот во 1994 и 1995 година со тимот на Бенетон, а во 1996 година склучува договор со тимот на Ферари. Шумахер се повлекува од формула 1 во 2006, но остана во тимот на Ферари на позиција советник. Во 2009 година привремено го заменува Фелипе Маса, но поради повреда на вратот се повлекува. Во 2010 година потпишува договор со тимот на Мерцедес ГП за времетраење од 3 години.
Во 2013 година доживува тешка несреќа при скијање и до ден денес е во кома во неговиот дом во Швајцарија.