Заврши шестото и воедно најбројно издание на Стартап Викенд Скопје во периодот од 28-30 Октомври. Домаќин на околу 80 учесници кои заедно со 22 ментори ги развиваа своите идеи овојпат беше HUB Skopje. Во времетраење од 54 часа младите ентузијасти, програмери, дизајнери, маркетари, со една заедничка цел се сплотија да креираат свои стартап компании.
Од презентираните 20 идеи во петокот, беа создадени 15 тима кои во текот на наредните два дена ги разработуваа своите стартап бизниси. Менторите беа резервирани за саботата, каде во текот на менторските часови, тимовите имаа можност да добијат совети околу дизајнирање на апликации, маркетинг, креирање на бизнис и слични совети кои им помогнаа да дојдат до поквалитетно развивање на нивните идеи. За време на паузите имаа можност одблизу да се запознаат со менторите и да дознаат повеќе за нивните успеси и пречки кои ги имале низ патот кон креирање на нивната успешшна приказна. Последниот ден се работеше на подготовки на презентациите. Повторно со помош од менторите, тимовите можеа да се подготват за самото финале. Тимовите имаа можност да ги презе3нтираат своите идеи и работата која ја завршиле во текот на тие 54 часа пред 6-членото жири, а најуспешните се:
Третото место го освоија REАDLINE, за својата апликација Snapchat for e-books. Целта на оваа апликација е читателите да имаат дополнителна мотивација да го завршат читањето на своите книги.
Второто место им припадна на Jukebox, апликација која дава одлична можност на сите да ја изберат плејлистата на секоја забава.
Победници на овој Стартап Викенд беа дечките од тимот CABICO со својата мобилна платформа за брзо повикување или закажување на такси во одреден временски период со можност за ride-sharing на такси и без-готовинско плаќање. Платформата е креирана на Android и iOS, со посебни апликации за возачи и корисници.
Хаб Скопје додели бесплатана акцелерација на тимот на ГРИНКО за своето хардверско, мобилно и веб решение преку кое испитуват влага, светлина, температура на почвата на која се одгледуваат разни култури.
Тимот ADVENTOURS со својата платформа понуди можност за лесен пристап до сите настани кои се случуваат во околината. AudifiedReality со своите наочари ќе им помогнат на лицата со оштетен вид. Дедо Медо се погрижија секогаш да имаме природен мед на нашата трпеза. Dexily со својата веб платформа нудат можност на сите музичари да ги прикачуваат своите видеа. За намалување на енергетската потрошувачка во домот, тимот на MASH создадоа hand band, алка со чии движења може да се контролира вклучувањето и исклучувањето на одредени апарати во домот. KNAP со својата апликација понуди можност да правиме нарачки за продуктите кои ни се потребни и да имаме достава за истите. Со LOCATO имаме можност да го лоцираме нашето такси, пица, пакет кој сме го пратиле и слично. Алатката за навремено добивање на пратката ROLLY, ќе ни овозможи брзо, економично и безбедно пристигање на сите наши нарачки. Тимот на QUERY ја изработи апликацијата преку која можеме во реално време да ја споделиме нашата локација со пријателите притоа прикачувајќи видео или пак фотографија ис истата.
По ова издание уште еднаш покажавме дека во Македонија постојат креативни млади луѓе кои сакаат и работат напорно кон остварување на своите идеи. Искуството и спомените од овој Стартап Викенд со сигурност ќе траат многу долго.
Со нетрпение ќе го очекуваме следното издание, а дотогаш размислувајте на вашите идеи и видете ги сликите од овој викенд на нашата фан страна. Уште еднаш би сакале да се заблагодариме на сите кои ја поддржаа македонската стартап заедница преку нашиот настан:
● Платинум спонзори: USAID Проект за миро и мали претпријатија заедно Швајцарската амбасада и CEED Македонија, UNDP.
● Златни спонзори: mkhost, iSTYLE, SwissContact, South Central Ventures,
● Сребрени спонзори: CORNER CASE, LETZ, Пивара Скопје, .
● Поддржувачи: MARK Labs, SEAVUS Incubator, G6, SEAVUS, New Man’s Business Accelerator, BRAINSTER, Funky, EESTEC LC Skopje, IAESTE Macedonia, BEST Skopje, AISEC, Горска, Red Bull, СП Финки, ФИНКИ, ЕВРОПА, Girls in Tech Macedonia,.
● Медиумски поддржувачи: www.it.mk,www.smartportal.mk, www.popularno.mk, www.srekja.mk, radiomof , bi.mk.