Категории

Како полесно да заспиете и станете наредниот ден?

За многу луѓе, станувањето од кревет претставува следење на некаква рутина. Дел од нив стануваат велејќи си дека можат да поспијат „уште пет минути“ и да си легнат пак. Други го ресетираат алармот за подоцна. Но одредена група на луѓе можат да станат веднаш, итоа без проблем.

Image result for tired

Фитнес тренерот, Крег Балантајн, пишува блог за здрава исхрана и добар сон. Тој ја применува т.н. формула „10-3-2-1-0“, благодарение на која секој може да добие доволно сон и да се разбуди следниот ден полн со енергија. Смета дека идеалниот сон се планира уште преку ден, што значи дека треба да се подготвувате пред да ги изгасите светлата.

 

Image result for tired

10 часа пред спиење

Потребни се токму 10 часа за крвотокот да се исчисти од стимуланти кои содржат кафеин. Тоа значи, одбегнувајте кафе, зелен или црн чај, Кока кола, енергетски пијалоци и чоколадо.

Image result for caffeine products

3 часа пред спиење

Последниот оброк не треба да биде консумиран поскоро од три часа пред легнување во кревет. Вашето тело користи складирана енергија за да се отстраните од вишокот храна, а истото важи и за алкохолот. Во овој случај, наредното утро ќе се чувствувате како да сте ја поминале вечерта работејќи во рудник.

Image result for girl eating a lot

2 часа пред спиење

Од овој моментн, не работете и не мислете на работа. Оставете го тоа за утре. Верувајте – нема да ви избега.

Image result for late night work

1 час пред спиење

Тргнете ја помислата да гледате телевизија, компјутер или екранот на вашиот телефон. Колку и да сакате да проверите што има ново на Фејсбук, Твитер или Е-маил, не го правете то. Дајте им прилика на вашите очи да одморат.

Image result for scrolling through instagram

0 минути пред вашиот аларм

Бзззз! Исклучете го алармот и веднаш одделете се од вашиот кревет. Не си дозволувајте да паднете во искушение да стискате „Snooze“. Станувањето веднаш по алармот ќе ви помогне тоа да ви стане навика.

 

Прегледи:
442
Објавено на:
05.11.2016