Куклите се првично наменети да служат како играчки кои ќе ги задоволуваат потребите на малите деца. Но што би помислиле кога ќе ги погледнете овие досега невидени кукли, креација на рускиот артист Михаил Зајков? Прашањето е дали се истите ултра кул или едноставно се многу застрашувачки?
После три години работа во театар за куклена претстава, Зајков се решил да работи со кукли. Не поминало многу време пред неговата работа да биде приметена, а секако и неговиот несомнено голем талент.Сите негови креации се уникатни и создаваат реална слика. Целиот успех се должи на тоа што е обрнато исклучително внимание на деталите – очи, трепки, пеѓи…