Иако можете да не верувате во приказни за духови, тие сепак постојат и побудуваат интерес кај слушачите.
Сликано во 1944 година, на прв поглед ова изгледа на обична фотографија на која има собир на среќно семејство. Но доколку обрнете малку внимание на деталите, ќе забележите сенка на жена која стои токму позади семејството пред нивната куќа во Нов Зеланд.

Според описот, ова е жената чија сенка се отсликала на ѕидот од куќата, носејќи облека која била модерна во добата во која живеела. Фустанот којшто го носи бил многу популарен во доцните 1800 и почетокот на 1910-те години.

Она што ја прави приказната уште пострашна е изјавата на еден од членовите на семејството:
Мојата тетка тврди дека ја видела неколку пати додека живеела таму во 60/70-те. Била до или покрај креветот, носејќи бел фустан со црн каиш околу половината и коса собрана во пунџа.
Куќата е сега демолирана и никој ја нема повеќе видено мистериозната жена. Но и понатаму ќе остане мистеријата за неа и дали се работи за сенката на дух или нешто друго е во прашање.