Категории

Меланија Трамп – Југословенката која стана прва дама на САД

Со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, Меланија стана прва дама на највлијателната држава во светот.

46-годишната Словенка ќе го заземе местото на Мишел Обама во Белата куќа на 20 јануари следната година.

01

02

03

Факти за Меланија Трамп

  • Израсна во Југославија.

  • Зборува пет јазици (словенечки, англиски, француски, германски и српски).

  • Таа е единствената прва дама која се има фотографирано гола за фотосесии.

  • Меланија е втората жена на претседател на САД која не е родена на американско тло. (Првата е Луиза Адамс, сопругата на Џон Квинси Адамс)

  • Како модел била ангажирана од врвни брендови и списанија.

  • Таа е трета сопруга на Доналд Трамп. Заедно имаат едно дете.

  • Нејзината венчаница чинеше над 100.000 долари.

  • Успешно лансира своја линија накит.

Потекло

Меланија е родена на 26 април 1970 година во Севница, Словенија. Таа е ќерка на Амалија, креаторка на дезени во фабрика за детска облека и Виктор Кнавс, продавач на автомобили. Нејзината мајка уште од мали нозе ѝ ја „всади“ љубовта кон модата.

Маж го вее американското знаме пред куќата во која живеела Меланија во Словенија

Меланија на 16-годишна возраст

Работата како модел

Меланија направи голем чекор во светот на модата благодарение на фотографот Стане Јерко, која ја покани за пробна фотосесија кога таа имаше 17 години. „Таа имаше убави долги нозе и прекрасна долга коса“ – изјави тој.

Фотографиите на Јерко стигнаа до големи модни агенции кои ѝ ја отворија вратата на младата девојка кон светската модна индустрија. Имено, во 1988 година, таа потпиша договор со агенција за модели во Милано.

Меланија беше прогласена за прва придружничка на натпреварот за убавина „Look of the Year“ во Љубљана во 1992 година.

Откако со работна виза се пресели во Америка во 1996 година, Меланија нанижи бројни ангажмани од познати брендови и списанија, меѓу кои Vogue, Ocean Drive, Vanity Fair и Allure.

00-04

00-03

Во 2000 година таа стана дел од специјалното издание на Sports Illustrated посветено на костимите за капење. Истата година, Меланија позираше разголена за насловната страница на машкото списание „GQ“.

Првата средба со Трамп

Меланија и Доналд се запознале во 1998 година на забава на време на модната недела во Њујорк.

Кога тој ѝ го побарал телефонскиот број, таа одбила да му го даде. Во интервју за „GQ“ таа призна што се вртело во нејзината глава: „Ако му го дадам телефонот, јас сум само уште една жена на која ќе ѝ се јави“. Меланија сакала да провери какви се неговите намери, па му го побарала неговиот број. Всушност, сакала да дознае дали тој ќе ѝ го даде неговиот бизнис или неговиот приватен број. „Каков број ќе ти даде, кажува многу за еден маж. Тој ми ги даде сите негови броеви“ – раскажала таа.

Меланија и Доналд во 1999 година

Меланија и Доналд во 2004 година

Гламурозната свадба

Доналд ја побара раката на Меланија во 2004 година, а една година подоцна тие го изговорија судбоносното „Да“. Меланија е трета сопруга на Доналд, кој има четири деца од своите претходни бракови.

На свадбената прослава која се одржа во Палм Спрингс, Меланија блесна во венчаница украсена со 1.500 кристали. Невестинскиот фустан, дизајниран од Џон Галијано за модната куќа Кристијан Диор, чинел околу 100.000 долари.

10

11

12

13

На свадбата меѓу бројните гости биле и Бил и Хилари Клинтон.

Единствениот заеднички син на Меланија и Доналд, Барон Вилијам, се роди во март 2006 година. „Нашиот брак се промени кога го добивме Барон, бидејќи ни се променија приоритетите. Но, тоа не значи дека се сакаме или почитуваме помалку“ – изјавила Меланија за „Hello“.

37

40

41

 

Прегледи:
377
Објавено на:
10.11.2016